Утрински Весник
Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

Утре (29.05.2026) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“  ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“,  лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“.  За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“  до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“. 


Посебниот режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, и гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров. Доколку се процени дека има потреба – посебниот режим на сообраќај ќе се реализира и во сабота и во недела (30 и 31.05.). 
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост