Утрински Весник
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 25.09.2022 (недела), со почеток во 09.00 часот, во организација на Здружението на граѓани СОС Детско село, ќе се одржи хуманитарна ИТ трка.

dobivaj vesti na viber

Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул. „8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул. „Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран