Утрински Весник
Македонија

Утре (петок) нови обилни врнежи, студен бран, силен ветер и снег на планините, ноќта кон сабота снег и во пониските места!

Meteoalarm.mk . Sneg.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на нов голем влажен воздушен бран од запад и од северозапад, утре (петок) од претпладневните часови од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд кои во попладневните и во вечерните часови ќе ја зафатат целата територија на Македонија. Локално и особено во западните предели врнежите ќе бидат обилни, и проследени со ретки грмежи. Локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30/40 литри дожд на метар квадратен), особено во западните предели.

Утре (Петок) во текот на денот и вечерта ќе дува засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен, а потоа  и од западен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час). Повторно апелирам да се избегнува граѓаните да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата.

Поради продор на значително поладен воздух од север, ноќта петок кон сабота и во сабота (23.11.2024) претпладне најпрвин на повисоките места и на планините, а потоа  и во пониските места (градовите), и тоа особено во северните  и во западните предели од Македонија врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и се очекува формирање на снежна покривка, особено на планините  и на повисоките места, а мала снежна покривка е можно да се формира  и во градовите во северните и во западните предели од Македонија.

Во Скопскиот регион исто така утре (петок) ќе дува засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец. Во текот на денот и вечерта ќе започнат врнежи од дожд кои поради продор на значително поладен воздух од север, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе преминат во врнежи од снег. Не се исклучува можноста по некоја снегулка да провее и во пониските предели од котлината во сабота рано наутро и претпладнето (23.11.2024).

Од ноќта петок кон сабота, како и во сабота на 23 Ноември ќе дува силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70/80 км/час).

Што се однесува до температурите, тие утре (петок) ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека ноќта кон сабота значително ќе опаднат и во сабота наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени, додека максималната температура во сабота ќе се искачува во интервалот од 1 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели.

Во сабота во текот на денот ќе имаме разведрување  и стабилизација на времето, па токму поради разведрувањето, во недела наутро ќе биде многу студено со умерени до јаки мразеви   и температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето