Утрински Весник
Македонија

Утре, од 9 часот, ќе биде забранет сообраќајот од село Маврово до село Леуново

Три возила се судрија кај Маврово, има повредени
Dik 300x250 mk

Утре, од 9 до 16.30 часот, на потегот од село Маврово до село Леуново ,ќе се одржи традиционална велосипедска трка по повод празникот Осми септември, на која ќе учествуваат неколку категории натпреварувачи.

dobivaj vesti na viber

Во тоа време целосно ќе биде забранет сообраќајот на овој пат, а покрај редари на организаторот, за безбедноста на учесниците и гледачите ќе се грижат повеќе полициски службеници и возила на Секторот за внатрешни работи Тетово, кои ќе бидат ангажирани за таа цел и намена, извести СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово со повик до учесниците на трката да се придржуваат на знаците и другата опрема поставена од организаторот, а до возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката.

Можете да прочитате

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови

Германец фатен со дрога на Табановце