Утрински Весник
Македонија

Утре мирен народен собир пред резиденцијата на г.г. Стефан за поддршка на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Messenger creation 8b144a62 d366 4d32 8d4a 53706498531f.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утре на 31-ви Мај (Сабота) од 12 ч. пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол ќе се одржи мирен народен собир под мотото ,,Гласот на народот – глас на Бога”.

Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Тие исто така повикуваат на одговорност поради начинот на избор за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.


Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог прави избор?! Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство, стои во апелот на Православно секојдневие.

Можете да прочитате

Осумгодишно дете од Врапчиште повредено од експлозија на петарда

Угостителот Зарков пред суд за убиството на мајка си – „Не се сеќавам на ништо“

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство