
Метео анализа на Славчо Попоски:
Во деновите недела и понеделник претпладне (8/9 март 2026) во Македонија повторно ни следува краткотрајна помала промена на времето со зголемување на облачноста и со локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.
На повисоките планини пак со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе провејува снег.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период исто така ќе има повеќе облачност со услови за послаби врнежи од дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Температурите пак во овие два дена преку ден ќе бидат малку пониски но сепак и покрај ова тие ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 16 степени.


