
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01/ 02.11.2025 (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Имено со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.





 
					