Утрински Весник
Македонија

Утре ќе се одржат директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ

Sdsm.webp.webp

Од СДСМ велат дека утре, 16.03.2025 година (недела) ќе се одржат директни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори.


Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 часот.

Централната изборна комисија го потврди и го затвори Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 22.717 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден.

Сите активно регистрирани членови на СДСМ ќе можат да го остварат своето право на непосредно и тајно гласање за избор на Претседател во својата општина на соодветно гласачко место.

Членовите што гласаат, со себе задолжително треба да ја има електронската членска картичка на СДСМ и важечки личен документ за идентификација (лична карта или пасош).

Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 15.03.2025 година.

Сите детални информации, одлуки, правилници, роковници и останати документи поврзани со внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се достапни на веб страната на СДСМ или директно на следниот линк.

Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.

Информација за резултатот ќе го соопштиме во недела по завршување на процесот на гласањето.

Центарот за комуникации стои на располагање за сите медиуми кај кои постои интерес да го следат самиот тек на гласањето во текот на гласањето“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Извлечени две лица од Мавровско Езеро

,,Да не сакате друго пумпање?” вицепремиерот Стоилковиќ со погрдни зборови кон Костовски од СДСМ

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски