Утрински Весник
Македонија

Утре ќе биде пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

Pruga Zeleznica Sine Pixabay 2.jpg

По завршување на градежните работи утре ќе биде пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце- Коридор 8 Источна делница.

Утре ќе биде пуштена во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце


На свеченоста ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.

На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Новинарите заедно со премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски први ќе се возат по ново изградената железничка пруга.

Можете да прочитате

Попов ја запроси својата сакана Моника – „Кажа ДА!“

АХВ: Нема токсична туна во Македонија

Колку е безбедно да се шетате ноќе во Македонија? Еве што покажуваат статистиките!