Утрински Весник
Скопје

Утре без струја или вода повеќе делово од Скопје

Struja Voda 413111 417984 420654.jpg

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (среда), без напојување со електрична енергија ќе останат:

– Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов, зграда број 105А и зграда број116 (Балкан градба – општина Кисела Вода)


– во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково, улици 101, 102, 103 (општина ЃорчеПетров).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека утре:

– поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на Бул.Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Бул.Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти ( ф-ми Мерцедес, Славија, ФОН факултетот и др.). Прекинот ќе биде од 08:00 часот до завршување на зафатот.

Можете да прочитате

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град

Во недела 14. издание на Авицена женска трка

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации  во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето