Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд укина дел од Правилникот на АВМУ кој ги уредува условите за добивање на дозволи за радио и телевизиско емитување

Уставниот суд укина дел од Правилникот на АВМУ кој ги уредува условите за добивање на дозволи за радио и телевизиско емитување

Уставниот суд денеска го укина член 9 став 6 во делот „ и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување („Службен весник на Република Mакедонија” бр.172/2014 и бр.76/2015), опфатен во предметот Реферат У.бр.32/2022.

dobivaj vesti na viber

Целосната одредба донесена од страна на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гласи: „Како вработени лица, се сметаат лицата во редовен работен однос со полно работно време кај радиодифузерот и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор, појаснуваат во информацијата.

Во овој случај, како што додаваат, Советот на АВМУ ги пречекорил, односно ги надминал своите надлежности предвидени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на начин што во оспорената одредба предвидел нова категорија „лица ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор”, која всушност не влегува во категоријата на вработени лица, што претставува уставна предиспозиција и која како таква воопшто не егзистира во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ниту пак во Законот за работните односи.

Според Уставниот суд, Советот на АВМУ впуштајќи се во операционализација на одредбите од Законот за работните односи и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, даденото овластување од член 62 став 6 од Законот, во кој меѓу другото е предвидено и да ги разработи и кадровските услови, го употребил во насока на изворно уредување на прашања кои не се негова надлежност и е во спротивност со закон.

„Судот оцени дека Советот на Агенцијата не може да уредува законска материја, туку може само да операционализира и доуредува одредени законски одредби, а со оспорениот дел од член 9 став 6 од Правилникот, Советот на Агенцијата фактички уредува односи кои се надвор од Законот за работните односи, со тоа што покрај одредбите од Законот за работните односи, се повредува и член 22 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медимумски услуги“, се истакнува во соопштението.

Можете да прочитате

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син

Македонците не веруваат во домашните медиуми

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор