Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Иван Михајлов” и „Цар Борис Трети“

Министерство за правда: Немаме дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов”

Уставниот суд информира дека е оформен предмет во кој се оспорени Статутот и Програмата на Здружението „Културен центар Иван Михајлов”.

dobivaj vesti na viber

Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на Судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд ќе одлучува на седница.

Подносител на иницијативата е политичката партија „Левица”. Подносителот наведува дека оспорените Статут и програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост. Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

Што се однесува на вториот предмет од интерес за јавноста, Уставниот суд информира дека е оформен предмет во кој се оспорува Програмата за работа и Статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III ОХРИД. И овој предмет се наоѓа во рана фаза- претходна постапка во која се прибираат потребните информации.

Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски. Во иницијативата се наведува дека оспорените акти се противуставни бидејќи се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок, попречување на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ, негирање на неговата самобитност и разгорување на национална омраза или нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа