Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд го укина ДУП-от за „Пуцко петрол“ во Карпош

Уставниот суд го укина ДУП-от за „Пуцко петрол“ во Карпош

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за бензинската пумпа на „Пуцко-петрол“ во Општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од утврдената фактичка состојба и обемната документација која се анализираше, Судот утврди дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти, образложи Уставниот суд во одлуката.

Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.

Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП.

Уставниот суд расправаше и ја укина оваа Одлука за носење на ДУП во општина Карпош по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година.

 

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за стиропор во Кочани – поголема група на пожарникари успешно го изгаснале

Имаме повеќе здравствени осигуреници од жители, а боледувањата се злоупотребуваат

Апасиев: Другарите на Мицкоски ги избришаа македонскиот јазик и македонскиот идентитет од ЕУ извештајот