Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола”, тој веќе не постои

Министерство за правда: Немаме дадено согласност за употреба на името „Иван Михајлов”

Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен Центар Иван Михајлов- Битола.

dobivaj vesti na viber

По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект.

Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата, информираат од таму.

Подносителот бараше поништување на актите со наводи дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.

Можете да прочитате

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

(Видео) Собир за Кочани во Скопје: Свесни сме дека институциите не постапуваат, од утре веќе нема да молчиме

Пораки на поддршка за семејствата на загинатите во Кочани, оставени на Плоштадот во Скопје