Утрински Весник
Македонија

Уставен суд доби донација од компјутери и печатачи од Турската агенција за соработка и координација

Dsc 5100 1024x683.jpg
Dik 300x250 mk

Уставниот суд доби донација од 10 компјутери и 10 печатачи од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Претставници на агенцијата предводени од координаторот од Скопје, Мехмет Бајрак денеска ја презентираа опремата во Судот пред вработените.

Претседателката Добрила Кацарска изрази благодaрност во име на сите вработени во Судот и нагласи дека оваа донација е значајна за ажурно и ефикасно работење на сите во Уставниот суд од аспект на технички можности и опрема. 

Координаторот на ТИКА, Бајрак нагласи дека денешната донација е продолжување на соработката со Уставниот суд на која претходи опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година и обезбедување на техничка опрема во 2013 година. 

Можете да прочитате

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови

Германец фатен со дрога на Табановце