Утрински Весник
Македонија

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“

Uspesna potraga na sara pronajdena zenata koja iscezna pri iskacuvanje kon titov vrv image.jpg

Вчера (29.08.2026) во 20:22 часот во СВР Тетово, преку бројот 112, било пријавено дека Н.С.(37) од Република Бугарија исчезнала при искачување кон „Титов Врв“.

По добиената пријава, веднаш биле преземени мерки и активности за нејзино пронаоѓање. Во потрагата биле вклучени полициски службеници од СВР Тетово, Полициското одделение Попова Шапка, припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Националниот парк „Шар Планина“.

Денеска, околу 15:00 часот, во близина на месноста „Горна Лешница“ и бачилата „1-ви Мај“, Н.С. била пронајдена од граѓани, во добра здравствена состојба.

По пронаоѓањето, со теренско возило била пренесена од месноста „Горна Лешница“ до Попова Шапка, од каде со возило на Итната медицинска помош ќе биде транспортирана во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош.

Можете да прочитате

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно