Утрински Весник
Свет

Уште едно убиство на трансродова жена на Балканот: пронајдено безживотно тело во Атина

Уште едно убиство на трансродова жена на Балканот: пронајдено безживотно тело во Атина

Безживотно тело на трансродово лице е пронајдено вчера во стан во центарот на Атина. Телото го пронашла сопственичката, која дошла да ја подигне киријата од станарката, загрижена дека со денови не можела да стапи во контакт со неа. Таа влегла во станот користејќи го резервниот клуч и наишла на страшна глетка.

dobivaj vesti na viber

Таа лежела во локва крв, со многубројни убоди по телото.

Истрагата утврдила дека се работи за државјанка на Куба (46), која пред четири години дошла да живее во Грција, а на сите им се претставувал како Иванка. Се претпоставува дека смртните повреди на Иванка ѝ биле нанесени со нож, а телото е однесено на обдукција.

Ана Курупу од организацијата „Ред амбрела“ напиша дека ова е уште едно убиство на трансродова личност во серија.

„Тоа е долг список. Не знам кој е мотивот, сè уште не знам никакви околности за оваа трагедија. Сепак, убедена сум дека ова чудовиште, кое живее меѓу нас, ни ги остава животите во темнина со малку труд. Жртвата како Иванка е толку незаштитена“, напиша Ана.

Ана објаснила дека Иванка во Атина дошла од Куба пред четири години.

„Ја бркаа и богови и демони. Имаше тежок живот. Некаде слушна за нашето друштво и дојде кај нас. Беше толку слатка, иако многу страдаше во животот. Таа рече дека сака да танцува. Ја однесов кај пријателка во кафеана и таа работа ѝ стана живот. Таа блескаше“, напиша Ана, пренесува „Телеграф“.

Полицијата сè уште трага по убиецот и го истражува мотивот. Станот кој се наоѓа на приземје од зградата во центарот на градот е запечатен до завршување на истрагата.

Претходната недела се случи уште едно убиство на тренсродова личност во Белград. Ноа Миливојев исчезна на 17 јуни, а делови од нејзиното тело беа пронајдени на 6 јули во станот во кој престојуваше нејзиното осомничено момче О. Д., експерт по информатика, сопственик на три фирми. Има сомнеж дека по расправија, пријавениот со нож го распарчил телото на Ноа на четири дела и ги ставил во ПВЦ-кеси и кутии, кои потоа ги наполнил со киселина и ги чувал во бањата од станот. Осомничениот го признал делото во полиција, но се бранел молчејќи за време на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде што тогаш Вишиот суд во Белград одредил притвор до 30 дена.

Можете да прочитате

Русија врати седум украински деца со посредство на Катар

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд