Утрински Весник
Свет

Уште еден напад на сина ајкула во Европа: тешко повреден рибар

Уште еден напад на сина ајкула во Европа: тешко повреден рибар

Рибар по потекло од Индонезија бил нападнат од сина ајкула на брегот на Вила да Коста, Португалија.

dobivaj vesti na viber

Тој со тешки повреди бил пренесен во болница.

Сè уште не е јасно како дошло до инцидентот, но во оваа фаза од истрагата се верува дека ајкулата се заплеткала во мрежата што рибарот потоа ја навлекол на чамецот.

Рибарот, по нападот, со хеликоптер бил пренесен во локална болница, пишува „Индипендент“.

Тој е во тешка, но стабилна состојба.

Медиумите потсетуваат дека овој инцидент се случи набргу откако пливач во Валенсија исто така беше нападнат од сина ајкула.

Човекот што бил нападнат од сината ајкула рекол дека не се плаши и дека кога видел дека крвави, влегол во морето за да не ги исплаши другите луѓе.

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг