Утрински Весник
Балкан

Ѓуриќ: Две српски амбасади во Европа добија закани дека ќе бидат цел на терористички напад

20240717134503 Big 730x400 65.webp.webp
Dik 300x250 mk

Амбасади на Србија во две големи европски престолнини во изминатите 24 часа добија закани дека ќе бидат цел на терористички напади, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ.

Како што јави Н1, тој додаде дека според првичните информации, тие закани доаѓаат од „екстремни сепаратистички кругови на дел од дијаспората од Косово односно од лица од албанска националност“.

– Во соработка со другите европски безбедносни власти, работиме на спречување и отстранување на тие закани, но ова го споменувам затоа што некој од Приштина со години систематски работи на создавање клима во која е прифатлив напад врз се што е српско, изјави Ѓуриќ за ТВ Пинк.

Тој истакна дека не сака да изнесува детали без консултација со безбедносните органи, бидејќи, како што рече, не сака да ја влоши ситуацијата, но оти може да каже дека утринава се зголемени безбедносните мерки во дел од српските дипломатско-конзуларните претставништва во Европа. 

Можете да прочитате

Думани: Од 2020 година во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Турска компанија откри златно наоѓалиште вредно 1,7 милијарди долари

Хрка се разболи и имунитетот ѝ се влошува, но продолжува да штрајкува со глад веќе петти ден