Утрински Весник
Свет

Ураган ја погоди Никарагва, носејќи силен ветер со брзина од 140 километри на час

Ураган ја погоди Никарагва, носејќи силен ветер со брзина од 140 километри на час

Ураганот Јулија денеска го погоди брегот на Никарагва, соопшти Националниот центар за урагани, предупредувајќи за опасни временски услови во наредните денови ширум регионот.

dobivaj vesti na viber

Ураганот рано утрото падна на копно во близина на градот Лагуна де Перлас, носејќи силен ветер со брзина од 140 километри на час, пренесува Ројтерс.

Се очекува ураганот постепено да слабее додека ја преминува Никарагва, а се предвидува дека ќе стигне до источниот дел на Пацификот до недела навечер.

Метеоролозите известуваат дека до утре Јулија ќе стигне до бреговите на Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала.

Поројни поплави и лизгање на земјиштето опасни по живот се можни од обилните дождови над Централна Америка и јужно Мексико до почетокот на следната недела, соопшти Центарот, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк