Утрински Весник
Магазин

„Џуно авордс“: Аврил Лавињ се соочи со топлес демонстрант на сцената

„Џуно авордс“: Аврил Лавињ се соочи со топлес демонстрант на сцената

Аврил Лавињ се соочи со топлес демонстрант за заштита на животната средина на сцената на наградите „Џуно“, канадски еквивалент на „Брит-авордс“.

dobivaj vesti na viber

Додека пејачката најавуваше настап на почетокот на церемонијата во понеделникот, една жена истрча на сцената зад неа.

Пораката на нејзиниот грб гласеше „спасете го зелениот појас“, очигледно во врска со контроверзниот станбен план на владата на Онтарио.

Лавињ се обиде да го заврши својот говор пред да се соочи со жената.

„Прекинете!“ извикала жената и почнала да се удира по градите, пренесува канадската Си-би-си њуз. Веднаш потоа, чувар ја изнел надвор од сцената.

Поп-рокерката алудираше на жената натрапник во својот подоцнежен говор откако доби награда.

„Сега никој ништо нека не се обидува. Јас ќе средам се,“ се пошегува Лавињ додека ја прифаќаше наградата по избор на фановите на „Тик-ток Џуно“.

Водителот на церемонијата, актерот Симу Лиу ја пофали Лавињ, која е од Онтарио, и рече дека се справила со топлес дамата како шампион.

Можете да прочитате

Синот на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс тргна по стапките на славните родители

Пет здравствени придобивки од редовното консумирање тиквички

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк