Утрински Весник
Македонија

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

03e971ed 4f8b 4620 9124 2bd6b25583ea.jpeg

Повеќе од две децении граѓаните на Скопје на секои локални избори слушаат исти ветувања, но голем дел од нив остануваат само на хартија.

Меѓу таканаречените „вечни ветувања“ предничи изградбата на метро или трамвајски систем, идеја која од 2000 година до денес ја најавија сите градоначалници, но без реална реализација.


Друг симбол на неисполнети изборни програми е Универзална сала, чија реконструкција е ветувана во секој изборен циклус, но речиси 25 години таа стои незавршена и претставува потсетник за неисполнетите ветувања на локалната власт.

Граѓаните слушаат и за изградба на катни гаражи, кои се ветуваат во десетици, а се градат минимално. Вардариште, пак, со години е тема во кампањи – најавувано како парк или зелен појас, но останува запуштено.

Чистиот воздух, решавањето на дивите депонии, нови паркови и велосипедски патеки исто така се дел од повторливите изборни програми кои не ја видоа целосната реализација.

Со секоја кампања се повторуваат истите ветувања, а граѓаните остануваат со истите проблеми – метрополата без метро, културен дом без сала и град без доволно зелени површини.

Можете да прочитате

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Мицкоски го претстави новиот ИК: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар