Утрински Весник
Свет

Унгарија и ги врати запленетите оклопни возила на Украина, но ги задржа парите и златото додека трае истрагата

Ungarija.webp.webp

Унгарија денеска и врати две оклопни возила на Украина, но ги задржа парите и златото во вредност од околу 82 милиони долари, повикувајќи се на истрагата за перење пари, потег што Киев го нарече кражба.

Односите меѓу Унгарија и Украина, веќе затегнати поради блиските врски на Виктор Орбан со Русија, дополнително се влошија минатата недела кога Унгарија уапси седум Украинци кои превезувале вредни предмети. Тие подоцна беа протерани од Унгарија и вратени во Украина.


Украина побара враќање на парите и златото, а шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, во неделата овој потег на Унгарија го нарече „невиден чин на државен бандитизам и рекетирање“.

Унгарскиот парламент пред два дена усвои закон предложен од партијата Фидес на Орбан, со кој им овозможи на властите да го чуваат вредниот имот 60 дена додека е во тек истрага за неговото потекло и дестинација.

Тензиите меѓу двете земји растат пред изборите на 12 април, а војната во Украина е во центарот на кампањата во која Орбан тврди дека победата на опозицијата би ја вовлекла Унгарија во конфликтот.

Орбан стави вето на воведувањето нови европски санкции против Русија и исплатата на заемот на Украина.

Можете да прочитате

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи

Над три милиони Иранци раселени од почетокот на војната

Оштетен руски танкер за гас неконтролирано плута кон италијанскиот остров Лампедуза