Утрински Весник
Свет

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

20251022193851 big 730x400 29.webp.webp
Dik 300x250 mk

Унгарија ќе започне разговори за купување нуклеарно гориво од САД со цел да го диверзифицира своето снабдување, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, додавајќи дека Будимпешта ќе продолжи да купува нуклеарно гориво и од Русија.

Сијарто, кој од вчера е во Вашингтон, во интервју за државниот телевизиски канал М1 изјави дека на Унгарија ѝ е потребно повеќе нуклеарно гориво за да ги задоволи растечките потреби за енергија додека ја проширува својата нуклеарна централа, јавуваат британските меидуми.


Според Сијарто, Унгарија ќе продолжи да купува нуклеарно гориво и од Русија.

„Покрај постојните односи со руските добавувачи, започнуваме консултации за купување нуклеарно гориво и од САД, за да можеме безбедно да го опслужуваме нашиот зголемен нуклеарен капацитет“, рече Сијарто.

Министерот за надворешни работи на Унгарија се сретна со претставници на Министерството за енергетика на САД и претставници на добавувачот на нуклеарна опрема „Вестингхаус“.

Сијарто не понуди никакви детали за тоа кога Унгарија би можела да купи американско нуклеарно гориво или колку од нејзините потреби би можеле да бидат покриени со американски увоз.

Можете да прочитате

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор

Најмалку 40 мигранти загинаа во бродолом во близина на Тунис