Утрински Весник
Економија

Унгарија ја прошири забраната за украински производи – без месо, масло и брашно

Унгарија ја прошири забраната за украински производи – без месо, масло и брашно

Унгарија, која веќе најави забрана за увоз на украински житарки поради дестабилизација на националниот пазар, од денеска забранува и увоз на десетици земјоделски производи од таа земја.

dobivaj vesti na viber

Според уредбата, во Унгарија повеќе не може да се продаваат житарки и маслодајни семиња, брашно, мед, вино, леб, месо и зеленчук од Украина. Ограничувањата се во сила до 30 јуни. Владата на премиерот Виктор Орбан во саботата одлучи да го забрани увозот на жито, по примерот на Полска, за да ги заштити земјоделците.

Европската унија ја оцени одлуката како „неприфатлива“.

Слична мерка презеде и Словачка, а денеска се очекува и Бугарија да објави ваква мерка.

Во мај 2022 година, Европската унија ги укина тарифите за сите производи увезени од Украина за една година и договори да дозволи извоз на залихите на жито по затворањето на морските патишта преку Црното Море поради руската инвазија.

Меѓутоа, наместо да бидат транзитни земји, пченката, пченицата и сончогледот од Украина се акумулираа во соседните европски земји поради логистички проблеми, што предизвика пад на локалните цени.

Унгарија продолжува да дозволува транзит на украинско жито, но ќе бидат воведени многу строги процедури на граничните премини за да се обезбеди електронско следење додека минуваат низ унгарска територија.

Во случај на прекршок, може да се изречат парични казни кои би можеле да ја достигнат вредноста на целата испорака.

Полска првично го забрани влезот на жито и земјоделски производи од Украина, но вчера постигна договор со таа земја да го врати транзитот на тие производи.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена