Утрински Весник
Спорт

Јунајтед подготви нов договор за Рашфорд

Јунајтед подготви нов договор за Рашфорд
Dik 300x250 mk

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ќе потпише нов долгорочен договор со тој клуб, пренесува Фабрицио Романо.

dobivaj vesti na viber

Рашфорд пристигна во Јунајтед кога имаше само осум години, ја помина целата нивна младинска академија, а потоа беше префрлен во првиот тим. Рашфорд е еден од ретките играчи на Јунајтед кој е роден во Манчестер и таму го поминал целиот свој живот, поради што има малку поинаков однос кон клубот, кој оди подалеку од обичната професионалност.

Актуелниот договор му истекува во јуни 2024 година, но сега ќе потпише нов на најмалку три години, според кој ќе добива подобра плата.

Можете да прочитате

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа