Утрински Весник
Спорт

Јунајтед и Њукасл во полуфиналето на Карабао купот

Јунајтед и Њукасл во полуфиналето на Карабао купот
Dik 300x250 mk

Манчестер јунајтед и Њукасл си ги зголемија шансите сезоната да ја завршат со трофеј, откако се пласираа во полуфиналето на Англискиот лига куп (Карабао купот).

dobivaj vesti na viber

„Ѓаволите“ беа доминантни за во финишот да стигнт до 3:0 победа над треголигашот Чарлтон, додека Њукасл со 2:0 ги совладаа премиерлигашките ривали, Лестер. Во другите две четврт-финалиња играат Нотингем форест-Вулверхемптон и Манчестер сити-Саутемптон.

На „Олд Трафорд“, со „резервен тим“, Јунајтед дојдоа во водство во 21. минута, кога Бразилецот Антони постигна прекрасен гол од далечина, но потоа, гостите успеваа да ги заддржат сите напади на фаворитот до 90. минута, кога Факундо Пелјистри му асистираше на Маркус Рашфорд, за Англичанецот да постигне уште еден гол. Рашфорд не застана тука, и во 94. минута постигна уште еден гол.

Њукасл, пак, се намачи со Лестер, пред во 60. минута, Ден Брн да им донесе водство, за во 72. минута Жоелинтон да ја потврди победата.

Можете да прочитате

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ

Мусети спаси меч-топка за финале против Ѓоковиќ во Атина