Две недели не делат до почетокот на Светското првенство во Катар. Репрезентацијата на Аргентина првиот натпревар го игра на 22. ноември. „Гаулосите“, на Мундијалот се во група со Полска, Саудиска Арабија и Мексико.
Во пресрет на Светското првенство, Аргентинската федерација испрати посебно барање до сите клубови во кои настапуваат нивните играчи.
Барањето е нивните играчи да го прескокнат последното коло пред паузата за Светското првенство за да се подготват што е можно подобро за турнирот.
Според „Дејли Мејл“, Тотенхем и Манчестер јунајтед го одбиле тоа барање, а се уште не е познато како одговориле останатите англиски клубови
На поширокиот список за Катар од Премиер лигата се наоѓаат Лисандро Мартинез и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендија од Астон Вила, Кристијан Ромеро од Тотенхем и Алексис Мекалистер од Брајтон.
За потсетување, поинаква е ситуацијата најдобриот Аргентинец. ПСЖ до паузата поради СП ќе игра против Лориен и Оксер, но како што пренесуваат повеќе медиумски извори, Меси побарал од тренерот Кристоф Галтие да го остави надвор од тимот по мечот со Јувентус.
Кога минатото лето како слободен играч од Барселона се пресели во ПСЖ, Меси побара во неговиот двегодишен договор да биде вклучена клаузула според која секогаш приоритет ќе има аргентинската репрезентација.
Првиот натпревар на Светското првенство „гаучосите“ ќе го одиграат против Саудиска Арабија на 22. ноември.