Утрински Весник
Спорт

Јунајтед ќе му одговорат на Роналдо кога ќе „бидат воспоставени целосните факти“

Јунајтед ќе му одговорат на Роналдо кога ќе „бидат воспоставени целосните факти“

Манчестер јунајтед реагираа со официјално соопштение по „експлозивното“ интервју на Кристијано Роналдо со Пирс Морган, посочувајќи дека „клубот ќе го одлучи својот одговор кога ќе се воспостават целосните факти“.

dobivaj vesti na viber

Неколку часа откако „ѓаволите“ стигнаа до драматична 2:1 победа над Фулам со гол во последните минути, Морган објави неколку делови од неговото двочасовно интервју со Португалецот, во кое тој го обвинува клубот за „стагнација“, вели дека не го почитува менаџерот Ерик Тен Хаг, посочувајќи дека некој сака да го избрка од клубот.

„Манчестер јунајтед ги забележува медиумските објави околу интервјуто на Кристијано Роналдо. Клубот ќе го одлучи својот одговор кога ќе се воспостават целосните факти. Фокусот останува на подготовките за вториот дел од сезоната и продолжување на моментот, вербата и единството кое се гради меѓу играчите, менаџерот, тимот и фановите“, се вели во објавата на Манчестер јунајтед.

Се очекува Роналдо да биде казнет за интервјуто, а бидејќи јануарскиот преоден рок е блиску, можно е и заминување од тимот.

Роналдо со експлозивно интервју „удри“ по Јунајтед, Рангник, Руни, Тен Хаг: Сакаат да ме избркаат

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина