Утрински Весник
Култура

Уметници од Израел и Грција ќе музицираат на Охридско лето

Уметници од Израел и Грција ќе музицираат на Охридско лето

Музичката програма на 63. Охридско лето продолжува вечерва со настап на ансамблот „Елијас Ладино“ од Израел, а потоа и со грчка вечер на гудачкиот квартет „Емилиос Ријадис“.

dobivaj vesti na viber

Ансамблот „Елијас Ладино“ ќе одржи концерт во Ппредворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 19 часот.

Овој состав ја враќа музиката на македонските Евреи дома. Од 1976 години ансамблот свири сефардска музика на концерти и фестивали низ целиот свет. Кларинетистот Даниел Елиас, основач на оваа група, ја слушнал музиката својствена за битолските Евреи преку песните кои неговата баба му ги пеела на неговиот татко. Морис Седака, исто така потекнува од семејство на сефардски музичари. Неговите мајка и дедо, исто така пееле песни кои ансамблот денес ги изведува. Заедно со перкусионистот Кејс Бонд и басистот Марко Брем, ансамблот ќе свири музика која повеќе од 80 години не е слушната на овие простори.

По завршувањето на нивната програма, во стандардниот фестивалски термин, 21 часот, ќе започне Грчката вечер на „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ ќе концертира гудачкиот ансамбл „Емилиос Риадис“.

Оформен во 2005 година од музичари од Симфонискиот оркестар во Солун, квартетот го добива името по познатиот грчки композитор Емилиос Риадис. Овој квартет се смета за еден од најзначајните камерни ансамбли во Грција, со настапи на сите значајни музички фестивали во земјата. Низ годините соработуваат со истакнати грчки и странски композитори и гости-музичари како: Алан Муние, Жан Кристоф Шарон, Џакомо Батарино, Барбара Цампали, Виолета Луста, Димитрос Чандракис, Чара Сеира, Ангелос Лиакакис, Марија Милараки, Катерина Гима, Николос Димопулос, Апостолос Чандракис и Јанис Карајанидис. Квартетот „Риадис“ за издавачката куќа „Фазма“во 2014 година го снима Гудачкиот квартет бр. 1 од наградуваниот грчки композитор Костас Цуграс. Репертоарот на квартетот е широк, вклучува дела од сите епохи, од раниот барок, па до денес.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“