Утрински Весник
Свет

Јулскиот топлотен бран во Грција најдолг досега во земјата

Grcija.jpg

Топлотниот бран што од 8 до 23 јули ја зафати Грција со времетраење од 16 дена е најдолгиот регистриран во земјата, надминувајќи го ланскиот рекорд од 15 последователни дена со екстремно високи температури, согласно податоците од националната опсерваторија и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година, за време топлотниот бран над 100 метеоролошки станици во земјата регистрирале максимални температури од 37 степени во 16 последователни дена.

Сепак, не биле регистрирани екстремните температури како што беше случај лани кога во неколку области достигна и надмина 45 степени Целзиусови.

Во јули 2024 година највисоката температура била 43,1 степен.

– Навистина е импресивно што најдолгите топлотни бранови во современата метеоролошка историја кај нас се случија во две последователни години, лани и годинава, коментираат од порталот Метео, анализирајќи ги податоците од јули 2023 и јули 2024 година.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници