Утрински Весник
Македонија

Улицата Мите Богоевски во Лисиче ќе биде целосно обновена

Улицата Мите Богоевски во Лисиче ќе биде целосно обновена

Летните денови Општина Аеродром ги користи за инвестициите во инфраструктурата, кои продолжуваат и овој месец. Од таму информираат дека реконструкцијата на улицата Мите Богоевски опфаќа поставување нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1.245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација.

dobivaj vesti na viber

„Реализираме проекти што го олеснуваат движењето и ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот во Аеродром. Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населбата Лисиче сообраќајница што ќе ја подобри поврзаноста на населбата. Станува збор за проект што го реализира Општина Аеродром со средства од Светската банка, добиени преку Министерство за транспорт и врски“, велат од Општината.

Од таму додаваат дека новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршувањето низа важни проекти на повеќе локации во општината, говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус.

Можете да прочитате

Поради магла намалена видливоста на повеќе патишта

Црна точка: Нова сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

ВМРО со однапред смислено сценарио за јавен линч на Филипче, велат од СДСМ