Утрински Весник
Македонија

УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат

Onkologija.jpg

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа.

– Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија- појаснуваат од клиниката.


Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови.

Од клиниката одговорија потврдно на нашето прашање дали веќе ги имаат сите лекови што недостасуваа.

Можете да прочитате

На 9 октомври Мицкоски пред Суд по тужбата на поранешната обвинителка Ленче Ристоска

До вечерва регистрирани 13 пожари на отворено, најкритично во Визбегово

МВР го пронајде и уапси човекот што запали автомобили на бугарската амбасада