Утрински Весник
Свет

Украинското Обвинителство: 329 деца исчезнаа во војната

Украинското Обвинителство: 329 деца исчезнаа во војната

Украинското државно Обвинителство денеска соопшти дека 329 деца во моментот се сметаат за исчезнати во Украина, а 12.034 се депортирани во Русија.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено на социјалната мрежа „Телеграм“, а кое го пренесува „Гардијан“, се наведува дека до денес исчезнале 329 деца, 12.034 се депортирани, а пронајдени се 7.819 деца.

Обвинителството нагласува дека овие бројки не се конечни бидејќи сè уште се работи на проверка на извештаите што доаѓаат од фронтот, како и од другите делови на Украина, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

ЕУ забранува уништување на непродадена облека за да ја заштити животната средина

Филмски грабеж на автопат во Италија

Потонал чамец со 55 мигранти во Либија