Утрински Весник
Свет

Украинските сили уништија руски противвоздушен ракетен систем вреден десет милиони долари

20241116184148 Big 730x400 32.webp.webp

Единица за беспилотни летала во 27-та Печерска бригада на Националната гарда го уништи рускиот противвоздушен ракетен систем БУК-М1 вреден десет милиони долари, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.

Видеото објавено на каналот Телеграм што го сподели Клименко, чие Министерство ја надгледува Националната гарда, покажува дека системот бил насочен кон една од „најкритичните области на фронтот“, без да се прецизира која област, објави „Киев Индипендент“.

Генералштабот утринава соопшти дека Русија изгубила 999 системи за противвоздушна одбрана од почетокот на нападот на Украина, а со последната загуба – илјада.

Ракетните системи земја-воздух БУК-М1 од советската ера ги користат и Украинците и Русите во оваа војна.

Можете да прочитате

„Потенцијално катастрофалниот“ супер-тајфун Ман-ји стигна на копно на Филипините

Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан од почетокот на копнената операција