Утрински Весник
Спорт

Гвардиола ќе остане во Сити уште една сезона

378001.jpg

Пеп Гвардиола останува во Манчестер сити и следната сезона, тврдат англиските медиуми повикувајќи се на извори во клубот. Додека трае паузата во клупскиот фудбал, Гвардиола имал успешна средба со челниците на Сити. Наводно бил договорен нов едногодишен договор.

Сè уште ништо не е потпишано, а нема официјални изјави кои навестуваат таков исход, но во вестите кои доаѓаат од Островот се вели дека Гвардиола 99 отсто ќе го потпише договорот до крајот на годината.

По заминувањето на спортскиот директор Аитор Чики Бегерстајн, и ангажманот на Хуго Вијана од Спортинг, се шпекулираше дека Гвардиола сигурно ќе си замине на крајот од сезоната.

Шпанецот пристигна во Сити во 2016 година кога започна доминацијата на „граѓаните“ во Премиер лигата и успеа да ја освои Лигата на шампионите на УЕФА. Во моментов тимот е во криза се наоѓа во серијата од четири порази, што на Сити му се случи прв пат во ерата на Гвардиола.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски