Утрински Весник
Свет

Украински министер: Само 15 отсто од засолништата во Киев се во добра состојба

Украински министер: Само 15 отсто од засолништата во Киев се во добра состојба

Украинскиот министер за стратешка индустрија Олександр Камишин рече дека резултатите од ревизијата на 4.655 засолништа низ Киев се разочарувачки.

dobivaj vesti na viber

Инспекциите беа наредени минатата недела од Володимир Зеленски, откако три лица ги загубија животите во главниот град на Украина бидејќи не можеа да стигнат до засолниште за време на воздушен напад.

Инспекцијата покажала дека само 15 отсто од прифатилиштата се погодни за користење, односно дека во нив нема позначајни проблеми.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени