Утрински Весник
Свет

Украински генерал: Дојдовме на 48 километри од границата со Русија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Главниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни, денеска изјави дека украинските сили дошле на околу 48 километри од северната граница со Русија, додавајќи дека напредувањето во областа Харков продолжува и на југ и на исток.

dobivaj vesti na viber

Жалузниј на својот канал Телеграм напиша дека украинските сили ослободиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија за 10 дена од септември и додаде: „Украина продолжува да ги ослободува териториите окупирани од Русите“.

Русија вчера призна дека нејзините сили го напуштиле Изјум, клучното воено упориште во регионот Харков.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј