Утрински Весник
Свет

Украински дронови влегле 1000 километри во Русија, прекинати летовите на два аеродроми

Rusija Napad.jpg

Русија денеска соопшти дека главниот аеродром во близина на градот Казан, на 1.000 километри од Украина, е привремено затворен откако украинско борбено беспилотно летало полета во регионот, јавува агенцијата Франс прес.

Украинските сили ги ескалираа воздушните напади на руските погранични области во последните неколку недели, но успеаја и да нападнат цели длабоко во руската територија. Според АФП, Министерството за одбрана соопшти дека соборило украинско беспилотно летало над централниот регион на Татарстан, но не прецизираше која била целта.

Два аеродроми во регионот, вклучително и главниот центар Казан, беа привремено затворени во исто време, соопшти Росавијација, руската воздухопловна управа. „Со цел да се обезбеди безбедност на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања на работата на два аеродроми во Татарстан – Казан и Нижнекамск“, соопштија државните новински агенции.

Русија претходно соопшти дека во текот на ноќта неутрализирала 17 украински беспилотни летала кои Киев ги користел за напад на складиште за гориво во јужниот град Ростов, каде што се наоѓа воениот штаб на Москва за нејзината операција во Украина.

Два дрона предизвикаа експлозии во складиште за гориво во Ростов, без да предизвикаат пожар или повредени, изјави локалниот гувернер Василиј Голубев на Телеграм, пренесува АФП.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk