Утрински Весник
Магазин

Украински дизајнери на Модната недела во Париз

Украински дизајнери на Модната недела во Париз
300x250 (7)

„Модата е комуникација со светот – покажува дека сме силни и можеме да продолжиме“, вели украинската дизајнерка Ирина Кохана, која мораше да се пресели во Лондон кога избувна војната.

dobivaj vesti na viber

Таа ги прикажа своите дизајни на гламурозните ревии во рамки на Недела на модата во Париз, гледајќи го тоа како шанса да го истакне не само својот бренд, туку и отпорноста на својата земја.

Ss1

„Секој од нас се бори“, вели таа за Би-би-си. „Тоа е да ја покажеме нескротливоста на нашиот народ, нашите таленти и нашата способност да создаваме дури и за време на војна, кога сè се руши.“

Во февруари, откако почна воениот конфликт, таа учествуваше и на Модната недела во Њујорк. „Сестра ми споделуваше видеа и фотографии од луѓе кои трчаат на улица, беше навистина лошо“, додаде таа за Би-би-си. Не можеа да добијат пари од банките, чекаа редици на банкомат, па јас им праќав пари од странство, се обидов да им помогнам на луѓето. Првите пет дена се работеше само за преживување. Правење едноставни работи како добивање пари, билети, наоѓање автомобил за да стигнете некаде.“

Работилницата на Кохана во Лавов беше затворена неколку месеци, и таа реши да остане во Лондон, каде што имала некои контакти.

Нејзината работа, заедно со другите украински дизајнери, ја промовира американскиот моден стратег Џен Сидари, која претходно беше шеф на продажба во „Вивиен Вествуд Америка“.

Друг дизајнер, Фролов: „Сето ова ја покажува извонредната работа на нашиот тим, кој ја создаде оваа колекција во Киев, и покрај војната, постојаните сирени и гранатирања.“

Ss1

Можете да прочитате

Ѓумбирот и јаболковиот оцет ги елиминираат стомачните проблеми

Турција ги отвора вратите за дигиталните номади

(ВИДЕО) Биолог случајно откри црви кои јадат и разградуваат пластика