Утрински Весник
Свет

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион

20260207170243 big 730x400 9.webp.webp

Украинските медиуми, повикувајќи се на извори во Безбедносната служба на Украина (СБУ), денеска објавија дека украински беспилотни летала испратени од СБУ во текот на ноќта погодиле руска хемиска фабрика во Редкин.

Фабриката произведува компоненти за гориво за ракети H-55 и H-101, како и адитиви за дизел и млазен керозин.

Целта била Експерименталната хемиска фабрика Редкино (РОЗ) во Тверската област, северозападно од Москва.

Според онлајн весникот „Украинска правда“, фабриката е предмет на санкции, вклучително и оние наметнати од САД и Велика Британија.

Локалните власти, цитирани од рускиот канал „Астра“на Телеграм, го потврдија нападот, велејќи дека пожарот, кој избувнал „по падот на дронот“, е ставен под контрола.

Според вршителот на должноста гувернер на Тверската област, Виталиј Королев, немало жртви и производството на компанијата не било засегнато.

Ракетите Х-101 се меѓу оние што ги користеше Русија во неодамнешните, големи напади што ја погодија Украина.

Можете да прочитате

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

Уапсени четири лица за смртоносниот напад врз џамијата во Исламабад, денеска погребани жртвите на нападот

Ишингер: Исходот од војната во Украина ќе ја одреди судбината на Европа