Утрински Весник
Свет

Украински беспилотни чамци нападнале руски брод во Црното Море

Украински беспилотни чамци нападнале руски брод во Црното Море

Руското Министерство за одбрана во средата објави видео за кое тврди дека го прикажува уништување на украински брод без екипаж (USV) кој се обидува да го нападне разузнавачкиот брод „Иван Курс“ од класата „проект 18280 Јуриј Иванов“ во Црното Море, на околу 90 милји североисточно од Босфор во Турција, пренесува „Ал Арабија“.

dobivaj vesti na viber

Видеото, објавено од официјалниот медиум на Министерството за одбрана, „Звездањуз“, ги прикажува последните секунди од, како што се вели, три украински УСВ кои се приближуваат кон „Иван Курс“, пред да бидат уништени.

„Иван Курс“ е дел од руската Црноморска флота и ја обезбедува работата на гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“ во ексклузивната економска зона на Турција.

И покрај руските тврдења, не е утврдено дали станува збор за украински или руски УСВ зашто беспилотниот чамец прикажан во видеото на руското Министерство за одбрана е многу слично – но со забележителни разлики во формата на трупот – со оние што Украина ги користеше во претходните напади на Црноморската флота кај Севастопол на Крим во септември.

Во тоа време беа објавени фотографии од безпилотните пловила од страна на украинската влада кои прикажаа невпечатливи чамци со џет-ски мотор и опремени како „самоубиствен дрон“ за детонација при удар.

Киев ги објави фотографиите како дел од напорите за собирање средства за такви чамци, кои чинат повеќе од 250.000 долари.

Инцидентот се чини дека ќе ги зголеми тензиите во Црното Море, каде Русија се согласи минатата недела, еден ден пред самонаметнатиот краен рок, да го продолжи договорот со кој Украина може безбедно да извезува жито од своите црноморски пристаништа.

Киев не го коментираше инцидентот

Руското министерство го посочи нападот како оправдување за Русија да ги прошири мерките за одбрана на своите гасоводи иако не беа споменати какви било импликации за безбедноста на бродовите со жито.

Можете да прочитате

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк

Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Катедралата „Нотр Дам“ повторно се отвора денеска: поминаа пет години од разорниот пожар