Утрински Весник
Свет

Украинската Врховна Рада го усвои контроверзниот закон со кој се зголемува бројот на војници во армијата

Ukraina 1.webp.webp
Img 5587

По неколкумесечни одложувања украинската Врховна Рада (парламент) денеска гласаше за Законот за регулирање на начинот на регрутирање на граѓаните, откако за него во постапката на донесување беа поднесени илјадници амандмани со кои се сакаше ублажување на содржината на оригиналниот нацрт текст, што од самиот старт на расправата не беше добро прифатен.

Законот воведува голем број измени со проширување на овластувањата на украинските власти да објавуваат повици за мобилизација со помош на електронски систем.

Img 5587

Парламентот со месеци го одолговлекуваше усвојувањето на законот откако промената беше побарана од сменетиот врховен командант на украинските сили, Валери Залужни, кој кажа дека украинската војска треба да мобилизира 500.000 граѓани за да ги пополни своите редови.

Актуелниот врховен командант на армијата, Олександр Сирски и украинскиот претседател Володимир Зеленски оттогаш ја намалија оваа проектирана бројка, кажувајќи дека толкав број војници е непотребен бидејќи тие може да се ротираат заднински.

Ss1

Можете да прочитате

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето