Утрински Весник
Свет

Украинската ПВО собори 32 дронови и две ракети Кинџал над Кијив

Ukraina Dronovi.jpeg

Военовоздухопловните сили на Украина соборија 32 дронови и две ракети Кинџал истрелани од територијата на Русија.

Руските сили истрелаа уште една Кинџал ракета, која го погодила регионот на аеродромот Старокостајантинов во Хмелницка област.

Остатоци од двете соборени Кинџал ракети оштетија повеќе објекти во главниот град на Украина, Кијив.

Ракетата Х-47M2 Кинџал (на руски кама) е хиперсонична балистичка ракета воздух-земја со нуклеарни способности. Досегот му е повеќе од 2000 километри, а брзината е 12 маха (4,08 километри во секубда). Ракетата може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави и може да се лансира од бомбардери Ту-22М3 или пресретнувачи МиГ-31К.

Можете да прочитате

Вонредна состојба во Њујорк – 24info.mk

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија