Утрински Весник
Свет

Украинската нуклеарна централа веќе три месеци е без резервна струја

Украинската нуклеарна централа веќе три месеци е без резервна струја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Украинската нуклеарна централа Запорожје е без надворешна резервна енергија веќе три месеци, што ја прави крајно ранлива, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

dobivaj vesti na viber

Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и други основни нуклеарни и безбедносни функции, соопшти МААЕ. Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи. Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна, рече Гроси.

Кревката ситуација со електрична енергија во централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија, додаде шефот на МААЕ. Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март минатата година.

Можете да прочитате

Русија употребила ракета „Орешник“ во синоќешниот напад врз Украина

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази