Утрински Весник
Спорт

Украинците удрија по ИОК: Олимпискиот комитет промовира геноцид

Украинците удрија по ИОК: Олимпискиот комитет промовира геноцид

Украина го обвини Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) дека е „промотор на војна и геноцид“ бидејќи размислува да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Олимпијадата во Париз во 2024 година под неутрално знаме.

dobivaj vesti na viber

„ИОК е промотор на војна, убиства и уништувања. ИОК со задоволство гледа како Русија ја уништува Украина, а потоа и нуди на Русија платформа за промовирање на геноцидот врз Украинците“, напиша советникот на украинскиот претседател Михаило Подолиак на својот профил на Твитер, конкретно насочен кон Томас Бах, претседателот на ИОК.

„Очигледно е дека парите со кои се купува олимписко лицемерие не мирисаат на украинска крв. Нели, господине Бах?“, додаде тој.

Украина е под руски напад од февруари 2022 година, а официјален Киев бара на спортистите од Русија и Белорусија, сојузник на Кремљ, да им се забрани учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Сепак. ИОК во средата соопшти дека „размислува“ да им дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на ОИ во Париз под неутрално знаме.

Овие предлози предизвикаа бес кај Украинците. Претседателот Володимир Зеленски го осуди „лицемерието“ на ИОК и го покани Томас Бах да го посети Бахмут, една од жешките точки во војната со Русија.

Во своето секојдневно обраќање во неделата, Зеленски рече дека му напишал писмо на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Олимпиизмот и терористичките држави не одат рака под рака“, рече Зеленски, а министерот за спорт на Украина се закани дека Украинците можеби ќе ја бојкотираат Олимпијадата во 2024 година.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ