Утрински Весник
Свет
Img 7972

Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во областа Курск во Русија

20240818124119 Big 730x400 8.webp.webp
300x250 opst2

Украинските воздухопловни сили уништиле уште еден мост во руската област Курск што се граничи со Украина, со цел да ги спречат воените операции на Москва во областа, пренесоа француските медиуми.

-Еден мост помалку. Воздухопловните сили продолжуваат да го лишуваат непријателот од неговите логистички способности благодарение на прецизните воздушни напади, рече началникот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, објавувајќи видео од нападот на Телеграм.

Таа ноќ, украинските сили ја нападнаа и фабриката Кавказ во руската област Ростов, каде што се складираа нафта и нафтени деривати за потребите на руската армија, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на соопштение на објавено на Фејсбук од украинскиот Генералштаб.

На местото избувнале најмалку два пожари. Се разјаснуваат детали за последиците од нападот.

-Операцијата ја извршија украинските разузнавачки сили, во соработка со вооружените сили, истакна Генералштабот, нагласувајќи дека „продолжуваат мерките за слабеење на воениот и економскиот потенцијал на Руската Федерација“.

Претходно денеска беше пријавен напад на украинско беспилотно летало во Ростовската област.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати