Утрински Весник
Свет

Украинците со беспилотни летала нападнаа наша територија, пет деца ранети, соопшти Русија

Vvvvvv.jpg

Во напад на украинско беспилотно летало на пограничниот град во руската област Белгород, повредени се пет деца, од кои две потешко, соопшти регионалниот гувернер.

Гладков рече и дека тројца цивили се повредени во друг украински напад на Шебекино.

„Во градот Шебекино, експлозивна направа беше намерно фрлена од дрон во дворот на повеќекатната зграда“, напиша Вјачеслав Гладков на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Пет деца кои биле на игралиштето се здобиле со различни повреди, а две во тешка состојба се пренесени во регионалната детска болница.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која исто така пишува на Телеграм, го опиша инцидентот како „намерен терористички напад врз деца“ и повика на меѓународна осуда.

Инцидентот се случи три дена по рускиот напад на Киев во кој загинаа 47 лица, а детската болница таму претрпе големи разурнувања

Можете да прочитате

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната