Утрински Весник
Свет

Украина преговора со земји од Блискиот Исток за снабдување со дизел

Ukraina.webp.webp

Киев интензивно работи на склучување договор со земјите од Блискиот Исток за снабдување со дизел. Претседателот Зеленски во разговор за украинските медиуми истакна дека претходно постигнат е договор за одбранбена соработка меѓу Украина и Саудиска Арабија.

Овој меморандум претставува основа за иницирање идна соработка, технолошки развој и инвестициски проекти.


Зеленски потенцираше дека во координација со своите министри и со претставници на државната компанија „Нафтогас“ се разговара за надминување на можниот недостиг, нагласувајќи дека 90% од енергетскиот дефицит се однесува конкретно на дизел горивото.

Претседателот Зеленски додаде дека овој рамковен договор бил потпишан непосредно пред неговата средба со саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман ал Сауд.

Воедно, Украина ја зацврстува својата позиција во регионот со испраќање на повеќе од 220 стручњаци, кои даваат консултации на блискоисточните држави за справување со напади од беспилотни летала, кои предизвикаа значителни штети врз енергетската инфраструктура во целиот регион.

Можете да прочитате

Франција распоредува борбени авиони во Литванија

Трамп: „Куба е следна“ – 24info.mk

Сексуалната злоупотреба се почеста во Германија