Утрински Весник
Свет

„Украина не е последна мета на Путин“, предупредува адмирал на НАТО

Nato.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Украина нема да биде последната цел на Владимир Путин“, предупреди адмиралот Џузепе Каво Драгоне, новиот претседател на воениот комитет на НАТО, повикувајќи ги европските сојузници да го удвојат производството на оружје за да се подготват за војна.

Тој ја спомена и руската војна во Грузија во 2008 година, анексијата на Крим во 2014 година и инвазијата на Украина во 2022 година. Поаѓајќи од тоа, додаде дека не може да му се верува на Путин и дека НАТО ќе го набљудува и додека се водат мировните преговори за Украина.


Каво Драгоне смета дека земјите-членки мора да направат повеќе, но и дека НАТО е подготвен за конфликт во кој би ги надминал руските конвенционални одбранбени капацитети и резервите на нуклеарно оружје.

Можете да прочитате

Годишна прес конференција на Путин, пристигнале над 2 милиони прашања

ЕУ ќе ѝ даде заем од 90 милијарди евра на Украина, три земји одбиваат да учествуваат

Се урна приватен авион во Северна Каролина